| четврток, 6 декември 2018 |

Совети за безбедно тргување на интернет

Top-Ten-Online-Shopping-Safety-Tips-that-Keep-you-Secure-While-Buying-on-the-InternetСо растот на интернет трговијата, се повеќе се нагласуваат советите за безбедно тргување Секоја година, особено во екот на празничните трески во светот, голем број криминалци се обидуваат да ги искористат предностите на ова купување. Затоа направни се неколку листи со совети, но всушност сите се темелат на 10 правила за безбеден шопинг.

Совет 1: Заштитете го вашиот компјутер

Никој не би требало да пристапува на интернет без основна заштита. Ова го вклучува заштитниот ѕид и ажуриран скенер на вируси, како и целосно ажуриран оперативен систем.

Совет 2: Држете се настрана од “зделките”

Алатките за пребарување на цени им помагаат на корисниците лесно да ја пронајдат најдобрата цена на интернет. Сепак, треба да бидете претпазливи, купувачите мора да се потпрат на информациите во врска со цената, времето на испораката и квалитетот на производот кој ќе го обезбеди продавачот. Највнимателни треба да бидете кога ќе пронајдете неверојатно добра понуда, со неколкукратно пониска цена.

Совет 3: Симнете ја маската на лажните веб сајтови

Како можете да бидете сигурни дека многу ниската цена не е само добра цена? Ова може да се направи многу брзо. Хакерите прават лажни страници за да ги измамат купувачите, преку копиран дизајн на продавниците со голема репутација, со што ги земат личните податоци на купувачите. Кога ги користите онлајн продавниците секогаш треба да ги проверите контакт информациите на операторот. Ако сајтот користи иритирачки прозорец на кој од вас веднаш бара да ги напишете информациите од кредитната картичка, бидете сигурни дека се работи за измама. Користете го и искуството на останатите онлајн купувачи.

Совет 4: Лични информации – внимателно

Секој кој купува мора да плати и да даде домашна адреса заради испораката. Меѓутоа, потполно е непотребно да ги напишете вашите податоци без да го видите производот. Тие продавници избегнувајте ги. Исто така особено е важно да го прочитате текстот со мали букви и да се осигурате дека вашите лични податоци нема да бидат пренесени на трети лица.

Совет 5: Одјавете се исклучиво на кодирани страни

Кога купувате онлајн не би требало да дозволите некој да гледа преку вашето рамо. Впрочем, деталите од вашата кредитна картичка се само ваша работа. Шифрирањето за интернет продавниците е најважно. Ако страницата е под шифра веб адреса на вашиот прелистувач ќе ја покаже „https“ конекцијата. Исто така, ќе видите еден мал клуч или катанец и (во многу случаи) адерасата ќе биде напишана со поинаква боја. Пред да ги внесете информациите на овој веб сајт, би требало да одвоите малку време да ја проверите сигурноста на сајтот. Сајтовите со одлична репутација често нудат повеќе начини на плаќања, обично најпопуларни се опциите со плаќање на кредитна картичка, плаќањето преку сметка или фактура. Бидете внимателни кога однапред плаќате некој производ бидејќи тоа е ризично.

Совет 6: Користете посебна кредитна картичка за онлајн купување

Потрошувачите кои бараат безбедни начини за купување можат да им постават дополнителна замка на сајбер криминалците. Набавете кредитна картичка со помал кредитен лимит (или со однапред уплатен износ) и користете ја исклучиво за онлајн купување. Ако случајно податоците од вашата кредитна картичка паднат во погрешни раце, оваа стратегија ќе ја намали штетата.

Совет 7: Користете безбедни лозинки

Дури и најдобрата заштита на пристапот е бескорисна ако хакерите можат лесно да ја „скршат“ лозинката, односно кога лозинката е „123456“. Поради ова користете безбедни лозинки, и за секој сервис кој го користите смислете посебна лозинка. Некои програми ви помагаат да изберете сосема сигурна лозинка, никогаш не ги користете сложените термини кои можат да се најдат во речник. Лозинките кои вклучуваат лични информации, како на пример, име презиме и датум на раѓање се едноставни за откривање. Сигурната лозинка подразбира комбинација од букви, бројки и специјални знаци и се состои од најмалку осум карактери.

Совет 8: Чувајте ги сметките

Чувајте ги сите сметки од онлајн купувањето. Предноста во ова е тоа што нема да ви се натрупа еден куп хартија, наместо тоа, се ќе биде добро сочувано во вашиот компјутер и брзо ќе можете да ја документирате секоја набавка. Исто така, би требало да ги чувате фотокопиите од налозите и фактурите, а особено внимателните купвачи би можеле да направат снимка од екранот при сите чекори од процесот на купување. Исто така, особено е важно да ги сочувате сите меилови кои ги добивате од продавачот.

Совет 9: Искористете ја политиката за враќање на робата

Онлајн продавниците нудат можност за враќање на робата. Тоа значи дека накратко можете да ја прегледате стоката и да ја вратите до одредениот рок, без објаснување зошто го правите тоа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top