| четврток, 6 декември 2018 |

Опозицијата со кривична пријава до спикерот Трајко Вељановски

g_trajko-veljanoski111

Пратениците од здружената опозиција денеска  до скопското Јавно обвинителство ќе поднесат кривична пријава против пертседателот на Собранието Трајко Вељаноски, за „злоупотреба на службената положба и овластување“ на 24 декември минатата година кога пратениците грубо беа исфрлени од парламентарната сала.

Кривичната пријава ќе биде добар тест за новиот јавен обвинител Марко Зврлески, изјави потпретседателот на СДСМ Игор Ивановски од крстосницата кај „Симпо“ во Скопје на денешниот протест кој во исто време се одвиваше и на крстосниците кај Владата и Тутунскиот комбинат.
Ивановски рече дека Вељаноски, иако е еден од еднаквите во парламентот, ќе треба и законски да одговара зашто, како што нагласи, најмногу ја погази демократијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top