| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден македонски државјанин убиен во Сирија?

Познат западен новинар од водечки медиум и познавач на состојбите на Блискиот исток тврди дека во периодот меѓу 15 и 18

август во Сирија загинал уште еден македонски државјанин.

Според аналитичарот во истиот период во оваа земја загинале 8 државјани на Саудиска Арабија, 6 Либијци, 5 Мароканци, 4 Тунижани, 2 Египќани, и по еден граѓанин на Германија, Македонија, Алжир и Јордан.

Доколку овие информации се точни тоа ќе биде 4 жртва во сирискиот конфликт кој што е државјанин на Македонија. Досега таму загинаа Имер Ниметула од скопското село Грчец, Расим Зеќири од Гостивар и Сами Абдулаху.

Во борбите во Сирија тешко беше повреден и 18 годишниот Бунјамин Ниметула синот на починатиот Имер кој се борел под презимето Ху.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top