| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца насилници му ја здробиле вилицата на стружанец

tepac

Жестока караница преминала во уште пожестока тепачка во самиот центар на Охрид пред познатата кафетерија „Славица“. Двајца насилници десетината минути тепале стружанец.

МВР јави дека поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „тешка телесна повреда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Р.(35) од Охрид и  Џ.Х.(25) и А.Х.(22) двајцата од Тетово.

Пријавените, вчера околу 21,50 часот пред кафетеријата „Славица“ во Охрид започнале  вербална расправија со Р.А. (24) од Струга по што и физички го нападнале. Тие му задале повеќе удари со раце и нозе по целото тело и го собориле на плочникот. Тука продолжиле да го удираат по главата од што Р.А. се здобил со тешки телесни повреди односно со скршеници на вилицата.По дадената неопходна медицинска нега на хируршкото оделение во Општата болница во Струга, а поради сериозноста на повредите Р.А. е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Пријавените веднаш се приведени во СВР Охрид ,а во текот на денов ќе бидат изнесени пред Истражен судија при основниот суд во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top