Мрачниот Витез, му припадна на Бен Афлек. По информациите дека тоа ќе биде некој од Рајан Гослинг, Џош Бролин, Макс Мартини, Warner Brothers одлучија во продолжението на Man of Steel, познатиот супер-херој Бетмен да го глуми Бен Афлек.
Одреден е и датумот на премиерата на филмот – 17-ти јули, 2015 година. Официјалниот наслов на Men of Steel 2 сѐ уште не е потврден, меѓутоа, многумина шпекулираат дека најверојатно ќе биде Batman vs. Superman.
Режисерот Зек Снајдер за кастингот на Афлек изјави:
-Бен ќе обезбеди интересен контра баланс на портретот на Супермен на Кавил. Тој има талент да одглуми комплексен човек кој е постар и попаметен од Кларк Кент и кој ги носи лузните од долгогодишната борба со криминалот, меѓутоа, и успева да го задржи шармот на милијардерот Брус Вејн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


