| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственикот на Туш осомничен за поткуп

tush-300x168Словенечкиот суд води итрага против Мирко Туш, основачот и сопственик на трговскиот синџер „Туш“. Тој е осомничен дека со поткуп добил лиценца за мобилна телефонија од поранешниот директор на државната Агенција за пошта и електронски комуникации, Томаж Симонич.

Според словенечките медиуми, Симонич се сомничи дека како директор на Агенцијата, во 2008 година, без јавен тендер му доделил ГСМ фреквенција на претприетието Тушмобил, третиот по големина мобилен оператор во Словенија. За таа услуга од Туш добил стан во Пиран.

Полицијата во 2011 година на подрачјето на цела Љубљана изврши десетина претреси на станови и куќи, како и на седиштето на компанијата, а ја посети и Агенцијата за поштенски и електронски комуникации во врска со тој случај. Испита и пет лица, меѓу кои и Мирко Туш, чиј имот тогаш бил проценет на 196 милиони евра. Туш во 2010 година беше прогласен за најбогат Словенец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top