Во скопската општина Гази Баба денеска беше отворен нов центар за згрижување на жртви од семејно насилство. Центарот е отворен со финансиска помош на Канцеларијата на УНДП. Центарот за лица – жртви на семејно насилство обезбедува дневно и привремено прифаќање и згрижување на овие лица, кое може да трае најмалку три месеци со можност за продолжување до една година, давање советодавни услуги, услуги во врска со исхрана, дневен престој, одржување на хигиена и соработка и поддршка од граѓански организации.
– Системското решавање на проблемот на семејното насилство зависи од паралелната работа како со жртвите на семејно насилство, така и со сторителите на насилството. Токму затоа, во системот на социјалната заштита предвидено е и советувалиште за извршители на семејно насилство, а со цел за непречено спроведување на изречената привремена мерка на заштита упатување на сторителот на семејно насилство во соодветно советувалиште – рече Диме Спасов, министер за труд и социјална политика, на денешното отворање.
Во Македонија се отворени 4 регионални центри за лица жртви на семејно насилство во Скопје, Битола, Кочани и во Свети Николе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



