
Големиот пожар кој го зафати ридот над Црнобуки и Лисолај, во близина на Битола, а кој како последица на ветерот се прошири и кон селото Лопатица простирајќи се на речиси шест рида, конечно е ставен под контрола откако во гаснењето се вклучија два хеликоптери на АРМ.
Хеликоптерите спречија огнената стихија да стигне до првите куќи во селото Лисолај, а 90 пожарникари, лица вработени во „Македонски шуми“, волонтери од противпожарното друштво Пегаз се на терен за да ја следат состојбата.
Најголем проблем беше силниот ветер кој го прошири огнот и на боровата шума, но и на непристапен терен каде беше невозможно да се гаси со копнени сили. Поради ова, изгореа над 100 хектари нискостеблеста шума. Пожарот почна од запалена сува трева во близина на месноста Црнобуки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


