| четврток, 6 декември 2018 |

Сакал да биде Гордон Геко, почина на 21 година (видео)

moritz-erhardtМладиот германски банкар, студентот Мориц Ерхард, кој пред неколку дена почина на 21 година во Лондон каде бил практикант во банка, се обидувал да го копира главниот јунак од филмот „Волстрит“, бескурпулозниот берзантски шпекулант Гордон Геко (Мајкл Даглас). Во биографијата која што ја оставил на интернет, напишал дека секогаш тежнее да биде „најдобар“.

Според пријателите, во две недели, дури осун ноќи работел постојано, за да остави впечаток кај шефовите. По последниот таков напор, тој доживеа мозочен удар и почина.

Негов пријател од детството пренесува за медиумите дека додека другите деца сакале да бидат Борис бекер или Михаел Балак, мориц секогаш сакал да биде Гордон Геко од филмот „Волстрит“.  Ликот толкуван од Мајкл Даглас стана симбол за алчност за пари во 80тите години од минатиот век. За потсетување, погледнете ја рекламата за „Волстрит“

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top