| четврток, 6 декември 2018 |

Испалени либански ракети кон Израел

rockets-fired-israel-lebanon-Либански борци истрелале четири ракети кон Израел. Една е соборена од противракетниот систем „Железна купола“, а другите три не доспеале до израелска територија, соопшти израелската армија.

Нападот во близина на градот Нахари, на брегот на Средоземно Море е оценет како „изолиран случај“ во кој нема повредени лица.
– Ние дејствуваме на сите фронтови, на север и на југ, за да ги заштитиме граѓаните на Израел од слични напади. Нашата политика е јасна – да заштитуваме и да превенираме. Тие кои се обидуваат да не повредат би требало да знаат дека ние ќе ги повредиме, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top