| четврток, 6 декември 2018 |

И СИРИЗА прашува за оштетените македонски возила

vozilo grcija2Со задоцнување од 1 месец, една по друга стигнуваат реакциите за „контролата“ на членовите на Златна зора, на македонските возила кои влегуваат во Грција. По вчерашниот допис со прашања на пратеничката од Демократската левица, Мариа Јанакаки, до министерствата за надворешни работи и цивилна заштита за самоволието на Златнозорците, барајќи при тоа, сторителите да се идентификуваат и да се казнат, осуда стигна и од опозициската СИРИЗА, јавува Канал5.

“Ситуацијата на граничниот премин Евзони е одличен пример за владината неодговорност и незаинтересираност за социјално –економските потенцијали и за туристичкиот развој на земјата. Жално е тоа што овој владин дефицит е одличен изговор за екстремните националистички групи кои „стојат на располагање” да го “заменат” со нивните активности, државниот механизам, предизвикувајќи континуирано нарушување на работата на вработените, но и на посетителите на граничните премини во северна Грција, и создаваат омраза за граѓаните од соседните земји и ја нарушуваат меѓународната слика за земјата. Познато е дека неодамна предизвикаа дипломатски инцидент со поднесувањето демарш до шефот на Канцеларијата за врски во Скопје од страна на Министерството за надворешни работи на соседната земја.“ – пишува во соопштението од опозициската СИРИЗА, потенцирајќи дека партијата е против активностите кои шират омраза, а се за мирен соживот на народите и задржување добрососедски односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top