| четврток, 6 декември 2018 |

Мубарак од затвор- во болница

mubarakХосни Мубарак, експретседател на Египет, денеска е префрлен со хеликоптер од затворот Тора во воената болница „Ал Мади“ во Каиро. Мубарак е под засилено обезбедување. Претходно, египетскиот обвинител им нареди на властите во затворот Тора да го ослободат Мубарак.

Египетскиот премиер Хазем ел Беблави претходно наложи Мубарак да биде ставен во домашен притвор, откако ќе излезе од затвор по повеќе од две години. Беблави во соопштението нагласи дека побарал Мубарак да биде ставен во домашен притвор согласно вонредните мерки усвоени овој месец.

Египетскиот суд вчера донесе одлука за ослободување на Мубарак бидејќи веќе нема законски основи за негово задржување. Против него се води судска постапка за корупција, бидејќи наводно добивал подароци од египетскиот државен весник „Ал Ахрам“. Мубарак е обвинет и за соучешништво во убиствата на демонстранти за време на протестите со кои тој беше симнат од власт во 2011 година, по 30 години владеење.

Осумдесет и пет годишниот Мубарак е осуден во јуни минатата година на доживотен затвор поради убивање демонстранти за време на Арапската пролет, но по поднесената жалба во јануари оваа година е донесена одлука за повторување на судскиот процес.

Судењето повторно започна во мај, но Мубарак отслужи максимална казна предвидена за периодот пред почеток на процесот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top