| четврток, 6 декември 2018 |

Цена на станови: Исти давачки, помала маржа

пуик
АД за стопанисување и изградба на станбен и деловен простор продава поевтини станови од приватните фирми заради најниската маржа. Ги има истите давачки и трошоци што влегуваат во формирањето на цената по метар квадратен, објасни директорот Цветко Грозданов, реагирајќи на тврдењата на одредени приватните фирми дека дежавното АД нема исти давачки, односно не плаќа ништо.
Според Грозданов, становите што ги продаваат во Реонски центар во општина Аеродром, за кои може да се аплицира да се купат преку проектот „Купи куќа-купи стан“ со почетна цена од 795 евра за метар квадратен без 5 проценти ДДВ се меѓу најниските цени на пазарот, но и оти и со таа цена имаат заработувачка.
– Правиме баланс на цената на пазарот за да не дојде до нејзино вештачко зголемување. И во оваа цена од 795 евра имаме заработувачка. Тие средства што ги имаме од самата маржа ги реинвестираме во градба на социјално ранливите категории. Исто така, во овој комплекс во РЦ Аеродором 10 проценти од помалите станови ги отстапуваме за децата без родители – порача Грозданов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top