| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува реновирањето на училиштата

koce-trajanovskiПродолжува реконструкцијата на средните училишта во Скопје. Градските власти годинава ќе вложат 47 милиони денари за санација на кровови, промена на врати, прозорци, столици и клупи, како и за реконструкција на санитарните јазли и електричната мрежа во 16 скопски средни училишта.

-Со реконструкции почнавме уште во 2010 година, реконструиравме 8 училишта во вредност од 22 милиони, во 2011 година се реконструираа 16 училишта во вредност од 39 милиони, во 2012 година исто така 16 училишта во вредност од 32 милиони и сега оваа година ќе реконструираме 16 училишта во вредност од 47 милиони денари, истакна градоначалникот Коце Трајкановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top