Во јули над 196 милиони интернет корисници во САД ги посетиле „Јаху“ и врзаните веб-сајтови, што е дури 21 процент повеќе од јули минатата година. Така, првпат од јули 2011 година повеќе посетители „се закачиле“ на порталите во сопственост на „Јаху“, отколку на оние што му припаѓаат на најголемиот светски пребарувач „Гугл“. Со тоа компанијата забележи предност од околу 1 отсто во однос на конкурентскиот „Гугл“, за првпат во последните две години. Во пресметките не се вклучени податиците за веб-сајтот Tumblr, што „Јаху“ го купи оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


