| четврток, 6 декември 2018 |

Рафхајзен банка објави пад на добивката

RAIFFEISENАвстриската банка Рафхајзен (Raiffeisen Bank International) објави дека во првото полугодие оствари консолидирана добивка од 277 милиони евра, што е 60,5 посто помалку во однос на истиот период лани. Нето-приходите од каматите пораснале во првите шест месеци од годинава за 4,2 посто, на 1,836 милијарди евра, така што каматната нето-маржа е зголемена за 42 базни поени на годишно ниво и достигнала 3,06 посто. Исто така, нето-добивката од провизијата пораснала за 9 отсто, на 785 милиони евра.

Оперативната добивка на Рафхајзен во тој период пораснала за 2,7 посто на 2,686 милијарди евра. Добивката пред одданочување била 49,6 посто пониска, што е последица на еднократен ефект, односно еднократниот приход во првата половина на минатата година и истиот изнесувал 467 милиони евра.

Во банката и понатаму проценуваат дека оваа година ќе мора да издвојат резервација во сличен износ како и во 2012 година. Но, сега, истакнуваат и дека заемите на клиентите стагнираат, а не растат. Оваа година очекуваат и благ пораст на нето-каматната маржа, пренесе „Фактор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top