Oпштина Центар од утре почнува со акција за надминување на проблемот со вревата. Акција е на барање на граѓаните кои се жалеле на бучава од околните ноќни клубови, кафулиња и кафеани. Инспекциските служби на терен ќе ја мерат вревата, по што ќе бидат преземени соодветни активности.
Службите ќе постапуваат и по претставки од граѓаните, но секоја злоупотреба со пријавување непостоен проблем е на трошок на граѓанинот. Околу поплаките поради бучавата од дискотеките во Градски парк, од Центар појаснуваат дека за тој дел надлежноста е во соседната општина Карпош, пренесува „Фактор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


