Oткако грчките погранични власти воведоа посебни мерки за влегување на албанските граѓани во Грција, возвратија и албанските власти. Албанските медиуми објавија дека грчките власти на двата гранични пункта Какавија и Кристалопиги не дозволиле влез на албански граѓани кои немале визи за престој во Грција.
Албанија има биометриски пасоши со кои нивните државјани може да патуваат во шенген-зоната, но според албанската телевизија „Топ чанел“, од вчера грчките власти не дозволувале влез во државата без визи. Тие барале секој албански граѓанин кој влегува на грчка територија да носи со себе и конкретна сума пари.
Поради тоа, претставник на албанската полиција на граничниот пункт Какавија издал наредба да не се дозволува грчки граѓани да влегуваат во Албанија кои не можат да ја објаснат целта на својот престој во државата.
– Ќе бараме од грчките граѓани да покажат сума пари која ја носат со себе и резервации за хотели во кои ќе отседнат, односно ќе бараме сѐ што бараат грчките власти за граѓаните од Албанија – изјавил полициски претставник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.