Три компании се пријавиле на огласот за изградба на фонтана на централниот плоштад „Македонија“, меѓу Воинот на коњ и Камени мост. Од Град Скопје велат дека комисијата ќе ги разгледа понудите од прилепската „Крин кг“, „Урбан инвест“ и АД „Пелагонија – Гостивар“. Фонтаната што ќе се гради на скопскиот плоштад е предвидено да има 128 прскалки. Таа ќе биде со должина и ширина од 15 метри. На плоштадот ќе се врати и коцката, па дел од постојните плочи ќе бидат зачувани, а останатите ќе се извадат и ќе се употребат на плоштадот кај црквата „Пресвета Богородица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.