| четврток, 6 декември 2018 |

Трите „ери“ во преговорите со името

ТРОЈЦА МАКЕДОНЦИ, ТРОЈЦА И ОД ООН, ДВАЈЦА ПОЧИНАА...

mkd znameМа­ке­до­ни­ја е во тре­та­та фа­за или ера на пре­го­во­ри­те, ба­рем, де­тер­ми­ни­ра­но спо­ред пре­го­ва­ра­чи­те. Са­га­та со пре­го­во­ри­те ја поч­на Иван То­шев­ски – Ва­ња, ја про­дол­жи Ни­ко­ла Ди­ми­тров, а се­га е во ра­це­те на Зо­ран Јо­лев­ски. Три­те пер­и­о­ди има­ат раз­лич­ни ка­ра­кте­ри­сти­ки во од­нос на ко­му­ни­ка­ци­ја­та и на ин­тен­зи­те­тот на пре­го­во­ри­те, но и три пре­тсе­да­те­ли, кои имаа сил­но вли­ја­ние врз нив – Ки­ро Гли­го­ров, Бо­рис Трај­ков­ски и Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Кон­ста­та­ци­ја­та на поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те е де­ка пр­ви­те две „ери“ беа со пос­ла­ба ди­на­ми­ка, за раз­ли­ка од фа­за­та што е во тек, но тоа не за­ви­се­ло од са­ми­те пре­го­ва­ра­чи, ту­ку најм­но­гу од по­ли­тич­ки­от естаб­лиш­мент, ат­мо­сфе­ра­та и од це­лос­на­та над­во­реш­но-вна­треш­на по­ли­тич­ка кон­сте­ла­ци­ја во ко­ја се на­о­ѓа­ла Ма­ке­до­ни­ја.

vanja tosev

Пр­ви­от пре­го­ва­рач за име­то, То­шев­ски, не го до­жи­веа ре­ше­ни­е­то за име­то. По­чи­на во 2008 го­ди­на, на 79-го­диш­на во­зраст. Тој, за­се­га, бе­ше единс­тве­ни­от од трој­ца­та, кој са­ми­от си под­не­се не­от­по­вик­ли­ва оста­вка на функ­ци­ја­та. Со пис­мо до то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Трај­ков­ски, до­ста­ве­но и до пре­ми­е­рот Цр­вен­ков­ски, тој со­оп­шти – „Оста­вка­та ја под­не­су­вам за­тоа што са­кам да се трг­нам од бр­кот­ни­ца­та што ја на­пра­ви­вте во из­ми­на­ти­ве не­кол­ку ме­се­ци, ко­ја му пра­ви ште­та на уг­ле­дот на Ма­ке­до­ни­ја“. Сле­ду­ва­ше од­го­во­рот од порт­па­ро­лот на Трај­ков­ски – „То­шев­ски не е сме­нет по­ра­ди не­за­до­волс­тво на пре­тсе­да­те­лот Бо­рис Трај­ков­ски, ту­ку цел­та е да се над­ми­не ја­ло­во­ста во пре­го­во­ри­те што трае се­дум го­ди­ни“. По­ли­тич­ки­те ана­ли­ти­ча­ри слу­ча­јот „То­шев­ски“ го оква­ли­фи­ку­ваа ка­ко кла­си­чен конф­ликт на ре­ла­ци­ја пре­ми­ер – шеф на др­жа­ва­та.

jolevski-nimic-740

То­шев­ски ва­же­ше за чо­век од до­вер­ба. Тој же­сто­ко се про­ти­ве­ше на на­мет­ну­ва­ње­то на кра­тен­ка­та ПЈРМ, а осо­бе­но на опас­но­ста од неј­зи­но одо­ма­ќи­ну­ва­ње. Во ин­терв­ју во 2007 го­ди­на пре­до­чи де­ка ни прет­стои ид­ни­на со Гр­ци­ја, но дол­га и мач­на, имај­ќи го пред­вид на­мет­на­ти­от спор од стра­на на на­ши­от ју­жен со­сед. За­ста­на јав­но про­тив та­ка­на­ре­че­на­та двој­на фор­му­ла.

Nikola Dimitrov

Во 2006 го­ди­на, пре­го­ва­рач­ка­та по­зи­ци­ја од То­шев­ски ја пре­зе­де Ни­ко­ла Ди­ми­тров, кој прет­ход­но, ка­ко ам­ба­са­дор на Ма­ке­до­ни­ја во САД, се за­ки­ти со приз­на­ва­ње­то на устав­но­то име од Ва­шин­гтон, иа­ко ре­ал­но, тоа бе­ше дел од при­каз­на­та за ста­пот и за мор­ко­вот во кри­за­та на­ста­на­та со За­ко­нот за те­ри­то­ри­јал­на ор­га­ни­за­ци­ја и Ре­фе­рен­ду­мот во 2004 го­ди­на, кој, спо­ред мно­гу­ми­на, не ус­пеа ток­му по­ра­ди емо­тив­ни­от ма­ке­дон­ски за­нес пре­диз­ви­кан од еу­фо­ри­ја­та на приз­на­ва­ње­то на нај­моќ­на­та др­жа­ва во све­тот. Од функ­ци­ја­та во но­ем­ври 2008 го­ди­на го сме­ни то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски ба­рај­ќи но­во ре­ше­ние од Вла­да­та. Во игра за по­зи­ци­ја­та на не­го­ви­от нас­лед­ник, освен Зо­ран Јо­лев­ски, кој сѐ уште е на оваа по­зи­ци­ја, беа акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел Ѓор­ѓе Ива­нов и ам­ба­са­до­рот Бла­гој Хан­џи­ски. Спо­ред ана­ли­ти­ча­ри­те, ток­му Јо­лев­ски, кој ве­ќе ре­чи­си пет го­ди­ни е ма­ке­дон­ски пре­го­ва­рач, ја има нај­те­шка­та за­да­ча до­се­га, ка­ко и најм­но­гу ди­на­ми­ка и ко­му­ни­ка­ци­ја со ко­ле­га­та Ада­ман­ти­ос Ва­си­ла­кис и со по­сред­ни­кот Мет­ју Ни­миц.

reg-tupurkovski

ТУПУРКОВСКИ – ПРВИТЕ ДВЕ „ЕРИ“ БЕА ПОБАВНИ, НО НЕ ПО ВИНА НА ПРЕГОВАРАЧИТЕ

 Ста­ту­сот и актив­но­сти­те на пре­го­ва­ра­чи­те во пре­го­во­ри­те за име­то се об­је­ктив­но де­тер­ми­ни­ра­ни од др­жав­но-по­ли­тич­ко­то ра­ко­водс­тво на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и не­ма­ат сло­бо­да во од­не­су­ва­ње­то и во до­не­су­ва­ње­то од­лу­ки, ве­ли за „Ре­пуб­ли­ка“ про­фе­со­рот по ме­ѓу­на­род­но пра­во Ва­сил Ту­пур­ков­ски. Тој да­ва по­зи­ти­ва оцен­ка за ра­бо­та­та на трој­ца­та, но спо­ред не­го, пр­ви­те два пер­и­о­да, на То­шев­ски и на Ди­ми­тров, беа по­бав­ни по­ра­ди па­сив­но­ста, ди­ри­ги­ра­на од две­те стра­ни. Ту­пур­ков­ски ги поз­дра­ву­ва акту­ел­ни­те ма­ке­дон­ски ини­ци­ја­ти­ви за разд­ви­жу­ва­ње на пре­го­во­ри­те и пре­по­ра­чу­ва актив­на пре­го­ва­рач­ка по­ли­ти­ка.

Го пра­шав­ме, ка­ко би го оце­нил труд на пре­го­ва­ра­чи­те и кол­ку пре­го­ва­ра­чот е ва­жен во про­це­сот?

 ТУПУРКОВСКИ: Не би би­ло пре­циз­но до­кол­ку пре­ку кон­ста­та­ци­ја за три­те фа­зи на пре­го­во­ри­те за име­то, вр­за­ни за трој­ца­та пре­го­ва­ра­чи, би са­ка­ле да на­мет­не­те зак­лу­чок за јас­ни­те кон­ту­ри и со­др­жи­ни на се­ко­ја од нив од­дел­но. Име­но, кол­ку што ми е поз­на­то, ба­рем ге­не­рал­но гле­да­но, пре­го­во­ри­те до­де­ка за нив беа од­го­вор­ни гос­по­да­та То­шев­ски и Ди­ми­тров, не беа ка­ра­кте­ри­стич­ни по нив­на­та ди­на­мич­ност и про­ду­ктив­ност. Вед­наш би са­кал да подв­ле­чам де­ка за тоа не беа од­го­вор­ни на­ши­те спо­ме­на­ти пре­го­ва­ра­чи, ту­ку на та­ква­та ат­мо­сфе­ра и па­сив­ност на пре­го­ва­рач­ки­от про­цес му ку­му­ваа две­те стра­ни, од­нос­но Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и Ре­пуб­ли­ка Гр­ци­ја.

Во по­ве­ќе­го­диш­ни­от пер­и­од во кој пре­го­во­ри­те ги  во­деа спо­ме­на­ти­те пре­го­ва­ра­чи, при што во не­го дејс­тву­ваа трој­ца­та по­ра­неш­ни пре­тсе­да­те­ли на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, Гли­го­ров, Трај­ков­ски и Цр­вен­ков­ски, јав­но­ста не бе­ше до­вол­но ин­фор­ми­ра­на за те­кот на пре­го­во­ри­те, од ед­на стра­на, а од дру­га стра­на, и таа са­ма­та, ка­ко да не соз­да­де ме­ха­низ­ми за де­ба­та во вр­ска со су­штин­ски­те пра­ша­ња на ма­ке­дон­ско-грч­ки­те од­но­си, вклу­чу­вај­ќи го и са­ми­от пре­го­ва­рач­ки про­цес.

Во тој кон­текст, би са­кал да по­тсе­там де­ка кај нас не е до­вол­но поз­на­та исто­ри­ја­та на пре­го­ва­рач­ки­от про­цес и де­ка јав­но­ста не­ма до­вол­но ин­фор­ма­ции за тоа кои пра­ша­ња се на­о­ѓа­ле на дне­вен ред и ка­кви ини­ци­ја­ти­ви има­ло за ре­ша­ва­ње на проб­ле­ми­те во од­но­си­те ме­ѓу две­те зем­ји.

Ко­неч­но, во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни мо­же да  се по­чув­ству­ва по­го­ле­ма ди­на­мич­ност во пре­го­во­ри­те. Нај­ве­ро­јат­но, ќе би­де­ме во пра­во до­кол­ку про­це­ни­ме де­ка гос­по­ди­нот Јо­лев­ски има по­ве­ќе об­вр­ски и ко­му­ни­ка­ци­ја со гос­по­да­та Ни­миц и Ва­си­ла­кис.

Има кој да ја оце­ну­ва ра­бо­та­та на ма­ке­дон­ски­те пре­го­ва­ра­чи, но по мо­ја скром­на оце­на, тие ко­рект­но ја вр­шеа и ја вр­шат сво­ја­та од­го­вор­на долж­ност.

 Ко­неч­но, би са­кал да кон­ста­ти­рам де­ка во ус­ло­ви на по­сто­е­ње на ед­но крај­но комп­лекс­но и де­ли­кат­но пра­ша­ње, ка­ко што се раз­ли­ки­те за име­то што по­сто­јат ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја, не би мо­же­ле да оче­ку­ва­ме не­ка­ква сло­бо­да во од­не­су­ва­ње­то што пре­го­ва­ра­чи­те би ги транс­фор­ми­ра­ла во не­за­вис­ни и актив­ни суб­је­кти на са­ми­от пре­го­ва­рач­ки про­цес. Нив­ни­от ста­тус и актив­но­сти се об­је­ктив­но де­тер­ми­ни­ра­ни. За по­ста­ву­ва­ње­то на две­те стра­ни ре­ша­ва др­жав­но-по­ли­тич­ко­то ра­ко­водс­тво.

 За­ед­но со пре­го­ва­ра­чи­те, со го­ди­ни­те се ме­ну­ваа и ди­на­ми­ка­та и тем­по­то на пре­го­во­ри­те. Ка­ко поз­на­вач на со­стој­би­те, ка­ко би ги оце­ни­ле го­ди­ни­те од по­че­то­кот на про­це­сот до де­нес, има­ме ли про­ме­на во ди­скур­сот и во при­ста­пот од две­те стра­ни?

 ТУПУРКОВСКИ: Кај нас дол­го вре­ме пре­ов­ла­ду­ва ло­ги­ка­та де­ка ба­вен пре­го­ва­рач­ки про­цес, всуш­ност, е во наш ин­те­рес. Ме­ѓу­тоа, ва­кви­от при­стап по­ве­ќе бе­ше плод на не­де­фи­ни­ра­но­ста на ма­ке­дон­ска­та стра­те­ги­ја, отсус­тво­то на кон­сен­зус на клуч­ни­те по­ли­тич­ки фа­кто­ри во зем­ја­та и на ед­на по­греш­на ме­то­до­ло­шка прет­по­ста­вка де­ка па­сив­но­то по­ста­ву­ва­ње кон проб­ле­мот не ги раз­о­ткри­ва вна­треш­ни­те сла­бо­сти и де­ка е воз­мож­но на јав­но­ста да ѝ се пла­си­ра ед­на це­ла над­во­реш­но-по­ли­тич­ка до­ктри­на де­ка вре­ме­то ра­бо­ти за Ма­ке­до­ни­ја.

Ина­ку, проб­ле­мот мо­же­ше да би­де над­ми­нат на нај­до­бар на­чин во 1992 го­ди­на, без акту­а­ли­зи­ра­ње на кое би­ло пра­ша­ње на на­ци­о­нал­ни­от, ја­зич­ни­от и на кул­тур­ни­от иден­ти­тет на ма­ке­дон­ски­от на­род и со ди­на­мич­на дип­ло­ма­ти­ја. Са­ка­ле или не, еден ден ќе мо­ра­ме са­мо­кри­тич­ки да оце­ни­ме ка­ков раз­вој ќе имаа вкуп­ни­те раз­вој­ни про­це­си во зем­ја­та, вклу­чу­вај­ќи ги и евро­ат­лант­ски­те ин­те­гра­ци­ски про­це­си, до­ко­лу ма­ке­дон­ско-грч­ки­от проб­лем со име­то бе­ше одам­на ада­кти­ран и без оп­то­ва­ру­вач­ки по­тен­ци­јал за ма­ке­дон­ско-грч­ки­те би­ла­те­рал­ни од­но­си.

 От­та­му, мо­јот зак­лу­чок е де­ка па­сив­на­та ма­ке­дон­ска по­ли­ти­ка не бе­ше ви­стин­ска­та ал­тер­на­ти­ва и де­ка им на­не­се се­ри­оз­ни пос­ле­ди­ци на ин­те­ре­си­те на зем­ја­та.

Гр­ци­ја, ста­ти­стич­ки гле­да­но – по којз­нае кој пат нај­а­ви по­се­ри­оз­но за­ни­ма­ва­ње со проб­ле­мот за име­то на­е­сен. Оче­ку­ва­те ли по­го­ле­ма актив­ност од стра­на на офи­ци­јал­на Ати­на по, бу­квал­но, не­кол­ку­ме­се­чен мо­ра­то­ри­ум на пре­го­во­ри­те?

 ТУПУРКОВСКИ: Гр­ци­ја не­ма по­тре­ба да го ди­на­ми­зи­ра пре­го­ва­рач­ки­от про­цес. Тоа, во крај­на ли­ни­ја, не е ни во неј­зин ин­те­рес во ова вре­ме на об­је­ктив­на еко­ном­ско-фи­нан­си­ска и на по­ли­тич­ка кри­за низ ко­ја по­ми­ну­ва. Неј­зи­на­та вна­треш­на и ме­ѓу­на­род­на по­зи­ци­ја ја умр­тву­ва­ат ка­ко во­деч­ки и акти­вен бал­кан­ски суб­јект. Ме­ѓу­тоа, би би­ло по­греш­но да се иг­но­ри­ра исто­ри­ска­та по­зи­ци­ја што Гр­ци­ја ја има во за­пад­ни­от свет и де­ка фи­ло­хе­ленс­тво­то на за­пад­ни­те ин­те­ле­кту­ал­ни и кул­тур­ни кру­го­ви бр­зо ќе би­де за­ме­не­то со праг­ма­ти­чен од­нос кон неа. Тоа оста­ну­ва грч­ко­то оруж­је што ние во Ма­ке­до­ни­ја те­шко го раз­би­ра­ме.

Тоа оруж­је ѝ овоз­мо­жу­ва на Гр­ци­ја да оп­сто­ју­ва врз не­ра­ци­о­нал­ни по­зи­ции во пре­го­ва­рач­ки­от про­цес, да го одол­жу­ва, да здо­би­ва по не­кој нов со­јуз­ник и да го оп­стру­и­ра фи­нал­но­то ре­ше­ние на проб­ле­мот.

Во овој кон­текст, по­втор­но би пов­ле­кол де­ка па­сив­на­та ма­ке­дон­ска по­ли­ти­ка од де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни е сѐ уште глав­ни­от енер­гент на грч­ко­то по­зи­ци­о­ни­ра­ње.

 Ма­ке­дон­ска­та стра­на се оби­ду­ва со по­ви­ци за ди­рект­ни сред­би и т.н. „про­ме­на на фор­ма­тот“ да ги ин­тен­зи­ви­ра пре­го­во­ри­те, мо­же­би и ка­ко на­чин да се при­ка­же ини­ци­ја­ти­ва пред Ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Кол­ку ва­кви­те ини­ци­ја­ти­ви мо­жат да го разд­ви­жат про­це­сот?

 ТУПУРКОВСКИ: Во се­кој слу­чај, на Ма­ке­до­ни­ја ѝ од­го­ва­ра актив­на пре­го­ва­рач­ка по­ли­ти­ка. Таа, од ед­на стра­на, има над­во­реш­на ди­мен­зи­ја, ко­ја ја ка­ра­кте­ри­зи­ра­ат ини­ци­ја­ти­ви­те кон Гр­ци­ја и по­ши­ро­ка­та ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца. До­бро е да ги има­ме и да ги пре­зе­ма­ме. Не­ма да згре­ши­ме до­кол­ку сме актив­но по­ста­ве­ни во пре­го­ва­рач­ки­от про­цес. На Гр­ци­ја, исто та­ка, не­ма да ѝ по­бег­не ни фа­ктот де­ка ин­тен­зи­ви­ра­ње­то на ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка, ка­ко вре­мен­ска ди­мен­зи­ја, ќе пре­ста­не да се ко­ри­сти.

 Ме­ѓу­тоа, не сме­е­ме да ја пот­це­ни­ме вна­треш­на­та ди­мен­зи­ја на на­ша­та пре­го­ва­рач­ка по­ли­ти­ка. Во овој мо­мент, сла­бо­сти­те на по­ли­тич­ки­от ди­ја­лог во зем­ја­та, не са­мо ка­ко по­ли­тич­ки кри­те­ри­ум за на­ше­то приб­ли­жу­ва­ње кон ЕУ и кон НАТО, ту­ку мно­гу по­ве­ќе во кон­текст на пре­го­во­ри­те, ја сла­бее на­ша­та по­зи­ци­ја. За ме­не ќе оста­не не­раз­бир­ли­во, ка­ко од­го­вор­ност кон гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја, но и ка­ко не­оп­ход­на од­бра­на на др­жав­ни­те ин­те­ре­си, зо­што не мо­же­ме да про­го­во­ри­ме со ја­зи­кот на единс­тве­на пре­го­ва­рач­ка по­ли­ти­ка на си­те по­ли­тич­ко-др­жав­ни фа­кто­ри, де­мон­стри­ра­на со кон­сен­зус?

Ве­лат де­ка е неб­ла­го­дар­но да се прог­но­зи­ра, но кои се Ва­ши­те оче­ку­ва­ња за пре­го­во­ри­те и за мож­но­ста за ре­ше­ние на де­це­ни­ски­от спор со Гр­ци­ја?

 ТУПУРКОВСКИ: Jaс сум убе­ден де­ка ма­ке­дон­ско-грч­ки­от за­е­мен ин­те­рес да се над­ми­не пра­ша­ње­то на име­то има мно­гу по­се­ри­оз­на спе­ци­фич­на и стра­те­ги­ска те­жи­на откол­ку се­та па­ли­ја­тив­на ко­рист што ко­ја би­ло стра­на во спо­рот мо­же да ја ин­ка­си­ра ка­ко не­ко­ја сво­ја акту­ел­на по­зи­ти­ва. Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја ка­ко со­сед­ни зем­ји ги вр­зу­ва­ат трај­ни ин­те­ре­си во без­бед­нос­на­та, еко­ном­ска­та и во на­ци­о­нал­но-по­ли­тич­ка­та сфе­ра. Не­ра­ци­о­нал­но е да не се пре­поз­на­ва­ат овие ка­те­го­ри­јал­ни вред­но­сти на ма­ке­дон­ско-грч­ки­те од­но­си. Тие по­тек­ну­ва­ат од ге­о­стра­те­ги­ски­те и од ге­о­по­ли­тич­ки­те ре­ла­ции што на Бал­ка­нот се кон­стан­та и ре­ал­ност, ба­рем од вре­ме­то на Вто­ра­та свет­ска вој­на.

Ана­ли­за­та на три­те по­со­че­ни клуч­ни сфе­ри на за­ем­ни­те ма­ке­дон­ско-грч­ки ин­те­ре­си убед­ли­во по­ка­жу­ва де­ка е во нај­до­бар ин­те­рес на две­те зем­ји да из­гра­дат ра­ци­о­нал­но при­фат­ли­во ре­ше­ние, на тој на­чин, ини­ци­рај­ќи но­во пог­лав­је во ме­ѓу­себ­ни­те од­но­си.

 Metju Nimic (10)

О’НИЛ, ВЕНС, НИМИЦ – И ООН СО ТРОЈЦА ПРЕГОВАРАЧИ ДОСЕГА

Прв по­сред­ник во про­це­сот, кој се во­ди во Ор­га­ни­за­ци­ја­та на обе­ди­не­ти­те на­ции, бе­ше бри­тан­ски­от дип­ло­мат Ро­бин О’Нил, кој по за­вр­шу­ва­ње­то со пре­го­во­ри­те за­ста­на во отво­ре­на од­бра­на на ма­ке­дон­ски­те по­зи­ции. Во де­се­ти­ци­те ин­терв­јуа, О’Нил се­ко­гаш, ка­ко не­ре­ал­ни и из­на­си­ле­ни, ги на­па­ѓа ста­во­ви­те на офи­ци­јал­на Ати­на. Во да­леч­на­та 1995 го­ди­на, не­го го ме­ну­ва ад­во­ка­тот и по­ра­не­шен др­жа­вен се­кре­тар на САД, Са­јрус Венс. Во не­го­во вре­ме се пот­пи­ша и При­вре­ме­на­та спо­год­ба, ко­ја Гр­ци­ја не ја по­чи­ту­ва­ше во 2008 го­ди­на на са­ми­тот на НАТО во Бу­ку­решт, за што по­твр­да да­де и Ме­ѓу­на­род­ни­от суд во Хаг. По­мош­ник на Венс од 1995 го­ди­на е ток­му акту­ел­ни­от пре­го­ва­рач Мет­ју Ни­миц, кој во пер­и­о­дот од 1994-1995 го­ди­на бе­ше и спе­ци­ја­лен пра­те­ник на аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел Бил Клин­тон за пра­ша­ње­то за име­то ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја. Ни­миц ги пре­зе­де пре­го­во­ри­те по оста­вка­та на Са­јрус Венс во 1999 го­ди­на, кој по­чи­на во ја­ну­а­ри 2002 го­ди­на. Ни­миц, поз­нат и ка­ко „веч­ни­от“, 74-го­ди­шен дип­ло­мат, сѐ уште е  глав­на­та ни­шка ме­ѓу две­те стра­ни и ООН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top