| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска уписи во средните училишта со слободни места

upisi-sredno03

Средните училишта во Македонија што имаат слободни места денеска ќе примаат документи на заинтересирани ученици за упис во прва година за учебната 2013/2014 година.

Во двете пријавувања од првиот, јунски уписен рок, интересот за гимназиите беше поголем отколку за средните стручни училишта, во кои останаа повеќе слободни места. Според податоците на МОН, во јуни се запишале 16.999 идни средношколци од 22.900 ученици колку што годинава завршија осмо одделение.

Од 34.971 место објавени со конкурсот на МОН за 2013/2014, за августовскиот рок што ќе се спроведе денеска останати се уште околу 17.000 места. Резултатите ќе бидат објавени наредниот ден, 23 август.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top