| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачи тепани затоа што го извадиле македонското знаме

Навивачката група на германскиот бундеслигаш Шалке 04, популарните „УГЕ“, кои се збратимени со „Комити“, на дуелот против ПАОК во ЛШ имале жестока пресметка со полицијата бранејќи го македонското знаме. Како и на секој натпревар на Шалке, на трибината кај најверните фанови стои македонско знаме, како и транспарент кој го означува братството меѓу „УГЕ“ и „Комити“, а тоа овојпат било оценето како провокација за фановите на грчки ПАОК. Се работело за транспарентот „Комити Диселдорф“, на кое е вметнато и сонцето од Кутлеш, а имало и македонско државно знаме на трибините на „Велтинс арената“.

zname3

На полицијата ѝ било наредено да го отстрани знамето, но тогаш се случила жестока пресметка со навивачите на Шалке на самата трибина затоа што не сакале да биде острането македонското знаме. Така „УГЕ“ уште еднаш докажаа дека се вистински браќа со „Комити“, а на спротивната страна навивачите на ПАОК имале истакнато транспарент дека Македонија е дел од Грција.

zname

Извор: Екипа

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top