| четврток, 6 декември 2018 |

Работи поради кои на жените им се гади од мажите

Мажите се многу поедноставни од жените, но грешат доколку сметаат дека жените не ги меркаат од глава до петици. Постојат делови од телата на мажите кои жените ги забележуваат, а мажите веројатно никогаш не помислиле дека женското око го лови и тоа…

Веги

Неуредни или споени веги не се баш секси, барем за поголем дел од жените. Не дека треба да ги депилирте вегите и да изгледате како феминизирана кукла од излог, но ако се бушави и споени не е лошо да ги потсредите.

Нокти

Жените би рекле дека се огледало на мажите. По нив жените забележуваат дали мажот е уреден или не. Убави, средени нокти ќе му помогнат на секој маж во шармирањето на припадничките на понежниот пол

Кожа
Мажите не се луди по ласиони и козметика, но жените сакаат мека кожа. Ретко на која и е привлечна грубата кожа, а решението е многу едноставно.
 
Стопало
Само затоа што се најчесто скриени не значи дека не треба да им посветите внимание. Нема ништо полошо од тоа да изгледате совршен до моментот додека да ги соблечете чорапите.
 
Уши и нос
Во машките уши честопати растат влакна, а истото се случува и со носот. А за нив постои практично решение. Жените не сакаат кога влакна излегуваат од сите страни.
 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top