| четврток, 6 декември 2018 |

Бензинот поевтинува за половина денар

benzin poskapuvanje

Регулаторната Комисија за Енергетика од вечерва на полноќ ги намалува цените на горивата.

Во согласност со нивната методологија за пресметка на малопродажните цени на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат за 1.01 процент.

Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 81.50 денари, односно 0.5 денари поефтино од досега, а ЕУРОСУПЕР-98 по цена од 83.00 денари, исто така 0.5 денари поефтино од порано. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто така се намалува, и ќе се продава по цена од 71 денари за литар, односно 1 денар поефтино од досегашните цени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top