| четврток, 6 декември 2018 |

Давитковски: Блиску сме до решение

borce davitkovski

Претседателот во оставка на ад хок комисијата заедно со странскиот набљудувач Петер Ванхаусен ги балансираа разликите меѓу двете страни. За утре планира заедничка средба, а за в петок потпишување на договорот.

Се поизвесно е решение за декемвриските настани во Собранието. Оптимизмот на Давитковски стана уште поголем по денешните одделни средби со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Претседателот во оставка на ад хок комисијата заедно со странскиот набљудувач Петер Ванхаусен ги балансираа разликите меѓу двете страни. Давитковски за утре планира заедничка средба, а за в петок потпишување на договорот.

Детали од разговорите и натаму не соопштуваат ниту двете страни. Денеска во Клубот на пратениците преговорите се водеа само меѓу членовите на ад хок комисијата: Димовски, Дулиќ, Фрчковски и Дескоска. Давитковски прво имал средба со претставниците на СДСМ, а потоа со ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се потврди ли на крајот оптимизмот на Давитковски, отанува да се види, време за работа имаат уште само еден ден. Во меѓувреме, се огласи и претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Тој изразува задоволство што власта и опозицијата уште еднаш покажале посветеност и доблест да седнат на заедничка маса. Очекува од сите инволвирани страни до крај да бидат конструктивни и одговорни и да ги исполнат преземените обврски.
„Настаните пред и на 24 декември, во и надвор од Собранието, мора да бидат разјаснети, и вакви настани и сценарија повеќе не смеат да се повторуваат. Пред се, затоа што интересите на државата во ниеден случај не смеат да бидат жртва на тесно-партиските интереси и дневната политика“, стои во писмената реакција на Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top