Американските власти под сомневање за корупција го уапсија Џејмс Тилман, долгогодишниот највлијателен „американски човек“ во Босна и Херцеговина.
Минатата недела американските федерални полициски власти го уапсија шефот на Меѓународната програма за помош во криминалната обука во Босна и Херцеговина. Тој е уапсен под сомнение за корупција во текот на своето повеќегодишно работење во БиХ во кое учествувале локални политичари и службеници на полицијата и безбедноста.
Џејмс Тилман престојува во Босна и Херцеговина десеттина години и во полициско-известувачките, па и во правосудните кругови беше сметан за неформално најмоќен и највлијателен американски дипломат „во сенка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.