Пулскиот аеродром деновиве беше средиште на вистински инцидент. Имено, една 63-годишна државјанка на Србија престојувала два дена на аеродромот бидејќи имала пасош од држава која повеќе не постои, од Србија и Црна Гора, па на граничната контрола морале да ја задржат.
– По направената гранична контрола, утврдено е дека личноста не поседува валиден документ, пасош и во согласност со Законот за странци беше одбиена при влезот во Хрватска – објаснуваат во полиција.
Српската државјанка, која од 2010 година престојува во Франција, пасошот го добила истата година. Со оглед на тоа дека државата Србија и Црна Гора не постои од 2006 година, нејзиниот пасош не е валиден. Се поставува прашањето зошто амбасадите на Србија ги издаваат овие документи, но сѐ уште нема одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.