Синот на српската фолк-ѕвезда Светлана Ражњатовиќ, Вељко, иако има само 17 години, се свршил со својата девојка Марина Зечевиќ, јавува „Нетпрес“.
Тие двајца во моментот се на летување во Будва, каде што уживаат во Јадранско Море и спа-центарот во хотелот „Авала“, во кој се сместени, а чинот на свршувачката го направиле во базенот.
Вељко на својот профил на „Фејсбук“ веќе го променил статусот.
Младата двојка неколку месеци е во врска, а Марина е чест гостин во нивната семејна вила.
Цеца ја сака Марина, но смета дека станува збор за тинејџерска игра. Таа среќната вест ја чула на Кипар, каде што моментално е на одмор.
– Вељко е ѓаволест и Цеца не обрнува внимание на неговите пубертетски моменти, менување девојки, свршувачки, менување девојки. За сѐ зборуваат отворено, но за оваа вест, само слатко се насмеа – вели извор на „Наши новини“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


