Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Перо Антиќ, планира да има повеќе деца. Тој вече има два сина, Лука и Павел, но вели, со сопругата Ружица планираат да имаат уште деца, а би биле среќни доколку третото биде девојче.
-Планираме да имаме и трето дете. Сметам дека секој што има можност треба да има што повеќе деца. Нема ништо поубаво од тоа. Ако биде девојче ќе биде идеално – вели Антиќ во разговор за Теа Модерна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


