| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ ќе игра по седум минути и ќе дава по два поени во НБА-лигата

Според аналитичарите на кошаркарската НБА лига, капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ, во просек ќе игра по седум минути во својата дебитантска сезона во дресот на Атланта Xоукс, пренесува mkd.mk

pero.antic_

 

Предвидувањата се дека Антиќ ќе има лимитирано време на паркетот се додека не докаже дека може да игра на ниво на НБА-лигата и да придонесува за тимот. Вредните аналитичари исто така „пресметале“ и учинокот на пвиот македонски кошаркар во најсилната лига на светот, а тоа е 2,5 поени и 1,7 скок по меч.

Крилниот кошаркар пред еден месец потпиша двегодишен договор со „јастребите“ вреден 2,5 милиони долари, а ќе игра на позицијата крилен центар каде што како неприкосновен стартер е Пол Милсап додека од клупата своја шанса покрај Антиќ ќе чекаат Ал Хорфорд, Мајк Скот, Елтон Бренд и Густаво Ајон, кои ќе конкурираат за позициите „четири“ и „пет“.

Антиќ во својата последната сезона во дресот на грчки Олимпијакос во најквалитетното клупско натпреварување на Стариот континент, Евролигата на 31 натпревар имаше просек од 6 поени, 3,5 скока во 18 минути минати на паркетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top