Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Јордан Трајков информира дека голем дел од коучесниците на саемот во Турција ги дефинирале работите што ги имале започнато за оваа сезона, со што се очекува зголемување на бројот на туристи од Турција.
– Интересот од страна на туристите од Турција е многу голем, а тоа се должи пред се заради семејната поврзаност, но и поради тоа што сакаат да го следат нашето културно наследство, од кое се воодушевени. Природните убавини се уште една причина поради која од кружните туристички тури организирани низ Балканот, најмногу време сакаат да поминат во нашата земја, изјави директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Јордан Трајков.
Според генералниот конзул на Република Македонија во Истанбул, Зерин Абаз, штандот на Македонија на саемот за туризам во Истанбул, секоја година бележи континуиран раст на посетители и излагачи.
– Не радува фактот што оваа година имавме одличен штанд кој визуелно ги привлекуваше посетителите, особено тоа што тој е прилагоден на интересот на Турција, со присуство на фотографијата на Мустафа Кемал Ататурк. Мора да се пофали ангажманот на АППТ за преводот на промотивните материјали на турски јазик, што е еден од клучните фактори за да може пораката да биде пренесена до потенцијалните туристи од Турција. Бројот на туристи од година на година бележи раст, со што може да се каже дека вложениот напор за организирање на голем број настани и посети во текот на минатите години, почна да дава резултати, истакна Абаз.
Претходно, туристичкиот потенцијал на Македонија беше претставен на саеми во Холандија, Австрија, Финска и Полска, а до крајот на годинава предвидени се презентации на уште 17 саеми за туризам во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци