| четврток, 6 декември 2018 |

Лекови ќе може да увезуваат и здраствените установи

lekovi

Болниците и клиниките немора да купуваат лекови од увозникот во земјава, туку со паралелен увоз може да ги набавуваат и од странство ако цената им е пониска. Набавката мора да оди преку тендер.

Ова се однесува само за лекови кои се регистрирани во Македонија и имаат дозвола за промет.

Од министерството за здравство тврдат дека со измените на законот за лекови и медицински помагала се олеснува постапката за паралелен увоз. Очекувањата на надлежните се да се зголеми конкуренцијата и да се намалат цените.

Со измените на законот за лекови и медицински помагала лекарот е должен да провери дали пропишаниот лек може да има несакани ефекти ако пациентот паралелно пие и друга терапија.

Со истиот закон се предвидува да се доделуваат лиценци за подвижни аптеки во населени места до 400 жители. До крајот на неделата ќе се одржи уште една јавна дебата, по што законот ќе се најде во собраниска процедура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top