| четврток, 6 декември 2018 |

Црногорците на натпревар во излежување

crnogorci

Натпреварот ќе се одржи на 30 август во етно селото Монтенегро, а учесниците треба да лежат и да не стануваат по никоја цена – кој ќе издржи да лежи најдолго добива 200 евра.

Првите тројца ќе добијат и медали „има леб без мотика”.

„Правилата се јасни – на натпреварувачот му е дозволено да пие вода и да јаде, но не смее да станува од местото на одморање без оглед на поводот, па макар тоа биле и физиолошки потреби. Натпреварувачот што ќе успее најдолго да одмара во ладовина е победник”, вели Микоња Благојевиќ, сопственик на етно селото.

Лани натпреварот се одржа на истото место, на 30 јуми. За титулата најдобри џаболебари се бореа – односно лежеа десетмина, од кои три жени. Првиот се откажа по 8 часа лежење. Повеќето се подготвиле за излежувањето со тоа што не спиеле претходната вечер, а дел од учесниците не пиеле и не јаделе ништо да не ризикуваат „кобно“ одење во тоалет!

Победија четворица и се договорија заедно да станат и да ја поделат наградата од двеста евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top