| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Израел стои зад соборувањето на Морси во Египет

erdoganottoman

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го обвини Израел дека стои зад соборувањето на египетскиот претседател Мохамед Морси.

– За Египет рекоа дека демократијата не се наоѓа во гласачката кутија. Кој стои зад тоа? Израел, изјави Ердоган денеска на состанок на својата Партија на правдата и развојот.

Имаме докази за тоа, нагласи турскиот премиер, цитирајќи изјава на израелскиот министер за правда на форум одржан 2011 година во Франција, кој наводно изјавил дека Муслиманското братство на Морси не би можеле да останат на власт, дури и да победат на избори.

Морси во јуни 2012 година положи заклетва како прв демократски избран претседател на Египет, но минатиот месец беше соборен од армијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top