Забава под маски и водени лудории – оваа сабота „Аква парк” во Пробиштип организира голем летен маскенбал со гратис маски и гратис коктели. Забавата е најавена за 21:30 часот.
-Гостите за време на ноќното капење и користење на тобоганите ќе ги забавува атрактивната српска диџејка Лејди Ди, која Белград често ја ангажира за градските новогодишни забави. Инспирацијата, таа ја наоѓа во хаус и техно музиката и настапува секаде низ Европа. Таа е резидент диџеј во познатиот белградски андерграунд клуб „Тјуб”. За првите 300 гости во “Аква парк”- Пробиштип следува гратис маска, а забавата мод маски ќе ја надополнат и атрактивни танчарки, видео визуелизации и лајт шоу. Во понеделник, на 26 август на истата сцена ќе има журка со диџеј Никифор и загревање со диџеј Цобе, а блок билет за двата настани чин и 150 денари. За една забава, на влезот на “Аква парк” цената на билет е 150 денари – вели организаторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.