| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Очекуваме дијалогот да вроди со резултат

nikola_gruevski_g_0

Очекуваме дијалогот да вроди со резултат, се надевам дека СДСМ ќе ја препознае важноста и ќе ги надмине теснопартиските интереси. Останува да видиме што ќе се случува, изјави премиерот Никола Груевски непосредно пред седницата на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември.

На седницата, која се очекува да започне во секој момент во Клубот на пратеници, покрај Груевски и Заев и членовите на Комисијата, ќе присуствуваат и шефот на кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протоѓер и потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Груевски и Заев на вчерашната средба се договорија крајниот рок за постигнување согласност да биде пролонгиран до петок,по што доколку не биде постигната согласност ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top