| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон петпати го зголемува персоналот за кибернетска безбедност

Американското Министерство за одбрана петпати ќе го зголеми бројот на свои службеници надлежни за кибернетска безбедност, соопшти весникот „Вашингтон пост“

pentagon

Во следните неколку години таканаречената кибернетска команада во Пентагон ќе го зголеми својот состав од околу 900 на 4.900 воени и цивилни службеници, посочува весникот „Пост“ повикувајќи се на анонимни високи американски претставници.

Одлуката била донесена на крајот на 2012 година од раководството на министерството поради растечките закани во кибернетскиот простор, прецизира „Пост“.

Во ноември минатата година министерот за одбрана Лион Панета изјави дека кибернетската безбедност на САД треба да биде засилена како финансиски, така и според бројот на персоналот, потсетуваат француските медиуми.

-Располагаме со компетентни луѓе, кои се занимаваат со тоа, но, отворено кажано, ако сакаме да сме во чекор со актуелните промени, треба повеќе да инвестираме во овие област – рече Панета во говорот во Вашингтон.

– Опасноста од оваа закана неодамна беше илустрирана со серија компјутерски напади и посебно со напади од вируси што минатото лето ги уништи податоците во повеќе од 30.000 компјутери на саудиската државна нафтена компанија – забележи „Вашингтон пост“.

– Проектот за проширување на кибернетската команда има за цел, главно, да ја гарантира заштитата на компјутерските податоци, што ги обезбедуваат електропреносните мрежи или електроцентралите, како и безбедноста на мрежата на самиот Пентагон – посочува дневниот весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top