Според најавите на метеоролозите, утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за два до три степени.
Во западните и југозападните делови од земјата ќе биде променливо облачно со пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно и топло време.
Во текот на утрешниот ден најсвежо со 20 степени ќе биде во Маврово, а најтопло со 35 степени во Демир Капија и Гевгелија. Во Скопје и околината ќе биде суво и топло време со максимални 32 степени.
Во текот на целата недела времето ќе биде сончево и топло, а живата на термометарот ќе достигне до 37 степени.
Викендот ќе биде сончев и топол со температура до 35 односно 36 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.