Струмичката полиција поднесе шест кривични пријави против Р.М.(49), Ј.М.(29), М.П. (32), Ф.Б.(40), Д.Ѓ.(68) и В.Ј.(26) сите од село Баница-струмичко за сторени шест кривични дела „кражба на електрична енергија, топлинска енергија и природен гас“. На 23.07.2013 година, во село Баница, при редовна техничка контрола од страна на вработени во ЕВН Македонија било утврдено дека пријавените неовластено користеле електрична енергија, односно извршиле приклучување на своите домови директно на електрична мрежа, без да поседуваат електрични броила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.