| четврток, 6 декември 2018 |

Лацио е казнет уште пред да почне сезоната

Расистичките скандирања со кои навивачите на римскиот табор се „истакнаа“ на натпреварот во рамките на италијанскиот Суперкуп им донесе казна, па сега екипата ќе мора да одигра еден меч пред полупразни трибини

Lazio-fans-620_1624720a

Имено, покрај активностите на фудбалската мафија и големите скандали околу местењето натпревари, вообичаен проблем на спортот на Апенините е и расизмот кој го искажуваат дел од навивачите.

Меѓу другите, во оваа практика предничат фановите на Лацио, кои по кој знае кој пат го доведоа во непријатна ситуација омилениот клуб од вечниот град.

И на почетокот на новата сезона поддржувачите на „сините“ им дадоа повод на дисциплинците во фудбалска Италија да го санкционираат Лацио.

За следната пресметка на домашен терен, влезот во оној дел од гледалиштето резервирано за вообичаено најтврдокорните фанови на римјаните, ќе биде затворен.

Да потсетиме, „старата дама“ викедов го декласираше Лацио со 4:0, а на мета на расистите се најдоа фудбалерите на Јуве со темна боја на кожата, Пол Погба, Квадо Асамоа и Ангело Огбона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top