| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен лидерот на Муслиманското братство

Mohammed Badie arrested

Главниот лидер на Муслиманското братство, 70-годишниот Мухамед Бади рано изутринава бил уапсен од безбедносните сили во стан во Каиро. Ваквата информација ја пренесоа државните медиуми во Египет.

Бади  во јули беше обвинет за поттикнување насилство заедно со други претставници на Братството. Нему и на неговите двајца помошници ќе им се суди на 25 август.

Во меѓувреме, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази длабока вознемиреност поради смртта на 36 поддржувачи на Муслиманското братство во затвор и го осуди убиството на 25 египетски полицајци од заседа, од страна на исламски милитанти.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top