| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на исламистичката група Боко Харам „можеби е убиен“

boko haram lider

 

Лидерот на радикалната исламистичка група Боко Харам, Абубакар Шекау „можеби е убиен“ во судири со војската, соопшти нигериската армија, пренесува Би Би Си.

– Најопасниот и најбараниот лидер на терористите од Боко Харам беше смртно ранет и беше префрлен ви Камерон на лекување. Имаме прична да веруваме дека починал меѓу 25 јули и 3 август, се наведува во соопштението.
Главата на Шекау беше уцената од САД на 7 милиони долари.

Во Нигерија има околу 160 милиони жители строго поделени на муслиманско население во северниот дел и христијани во јужниот дел на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top