| четврток, 6 декември 2018 |

Аврамопулос: Проблемот со Скопје го ослабе влијанието на Грција во регионот

Avramopoulos1Грчкото претседателство со ЕУ од 1 јануари 2014 година е можност за целосно одново појавување на Грција на геостратегиската сцена, пишува министерот за одбрана на Грција, Димитрис Аврамопулос, во својата анализа за грчкиот весник „Катимерини“, објави „Канал 5“. 

– Вреди да се спомене дека соседните земји ја гледаа Грција како порта кон Европската унија, но и како модел за модерна демократија, за развој и напредок. Појавувањето на проблемот со Скопје и низата настани кои не донесоа резултат, како и позицијата на нашата земја во периодот на распадот на Југославија, го ослабеа нашето влијание во регионот – коментира министерот за одбрана.

Аврамопулос смета дека има затоплување на грчко-американските односи, а и покрај кризата, Грција одново се враќа со лидерска улога во регионот.

– Повторното утврдување на стратегиските односи на нашата земја со Соединетите Американски Држави, како резултат на иницијативата на грчката дипломатија во изминатата година, доаѓа за да ја зајакне стратегијата на Грција и повторно да ѝ го отвори меѓународниот хоризонт – нагласува Аврамопулос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top