| четврток, 6 декември 2018 |

Нови ужаси во Египет: Убиени 36 притворени приврзаници на Морси откако киднапирале стражар

egipet vojska

36 приведени приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси биле убиени откако претходно зеле како заложник еден од чуварите.

Исламистите биле уапсени за време на судирите во Каиро, а потоа биле егзекутирани во полициско комби на пат кон затвор.

Тие биле транспортирани во конвој со кој се пренесувале 600 приведени до затворот Абу Заабал во северниот дел на Египет. Според верзијата на безбедносните сили, притворените во еден момент го нападнале чуварот во возилото и го заробиле, а потоа полицајците истрелале солзавец во возилото со намера да го ослободат претепаниот чувар. Притворените не отстапиле и успеале да излезат од возилото, по што биле пречекани со рафали од безбедносните сили.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top