| четврток, 6 декември 2018 |

Телохранителите откриваат тајни: Робертс не се тушира, лутата Џоли фрла ножеви

Сака да шета полугола

Сака да шета полугола

Џенифер Анистон
Нејзиниот поранешен телохранител тврди дека атрактивната актерка сака да шета полугола.
– Наутро кога отвора врата, ме пречекува со мал градник и долна облека. Толку често сум ја гледал во такво издание, што дури ѝ ги знам сите бенки на телото – вели тој.

Мери Кејт Олсен
 И таа не се срами да се соблече пред послугата.
– Кога купува нова облека, се облекува на задното седиште во автомобил, претходно соблекувајќи сѐ што има на себе. Сите телохранители се чувствуваат непријатно поради тоа, но мора да го проголтаат тоа – вели нејзиниот телохранител.
Џоли фрла со ножеви кога Бред ќе добие повик од Џенифер

Џоли фрла со ножеви кога Бред ќе добие повик од Џенифер

Анџелина Џоли и Бред Пит
Кога Џенифер Анистон му се јавува на Бред Пит, Анџелина збеснува и често фрла ножеви во ѕид за време на кавгата со сопругот – вели поранешен чувар на познатата двојка.
Не се тушира со денови

Не се тушира со денови

Џулија Робертс
Џулија Роберт и Дени Модер со денови не се тушираат.
– Таа го сака својот природен мирис – вели нејзиниот поранешен телохранител.
Пинк
Поранешниот телохранител на Пинк во 2008 година изјави дека пејачката сака да прави чудни комбинации на алкохолни пијалаци, а по пијанката заспива.
– Еднаш ѝ се случи да се онесвести на стол во резиденцијата на „Плејбој“ – вели тој.
Парис Хилтон
Таа има лепливи прсти.
– Има навика да зема туѓи јакни, накит, чевли – сѐ што може! На една забава ми рече да сокријам еден пар чевли под својата јакна и да ги изнесам надвор – вели нејзиниот екстелохранител.
Не влегува во бутик

Не влегува во бутик

Џони Деп
Еден поранешен телохранител на актерот раскажа како Џони купува обека:
– Никогаш нема да го видите во продавниците што ги посетуваат познатите. Телохранител дома му ја носи облеката што сака да ја купи за да ја проба, а потоа го враќа она што  не му се допаѓа како му стои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top