Жителите на соседните сел Семестрица и Добрино сакаат да ни го уништат нашето родно Карабуњиште, се пожалија денеска жители на Велес, пишува велешкиот портал Дума.мк
Тие соопштија дека се жртви на секојдневни закани и притисоци од соседите кои отишле до таму што им се закануваат со оружје, а завчера им подметнале пожар на две места во селото со намера да го запалат.
– Во средата, ноќта, околу 23 часот ако не беше будна една жена ќе ни го изгореа селото. Подметнале оган на две места. Шест луѓе со часови гаснеа и успеаја да го спасат да не го пеплоса огнот. Тие шумата ја витосаа, изгореа се што можат па селото наше сега дојде на ред оти сакаат да се исселиме, воопшто да не одиме во Карабуњиште, рече Јордан Игнов.
Овие граѓани причината за гневот на нивните соседи кон нив ја лоцираа во тоа што честоо ги пријавувале во шумското стопанство дека на диво ја сечат околната шума. Тие рекоа дека неконтролирано преку дива сеча се уништува шумскиот фонд и тоа од истите луѓе кои сакаат да ги избркаат од селото.
– Тие не се наши луѓе, по ликот се познаваат. Со пушки се шетаат, ги заплашуваат луѓето и ни доаѓаат среде село. На пат ако те пресретнат се закануваат бидејќи ние секојдневно гледаме како на диво ја сечат шумата. Имаат изградено пат на диво низ шумата и така од Бреза до Велес и до Зелениково, се исекоа и пренесоа илјадници метри дабово дрво на продажба во Скопје. На ова мора да му се стави крај оти иначе лошо ќе биде, рече Стојан Кичевски.
Тие инцидентите ги пријавиле во полиција но велат дека до сега никој не интервенирал. За проблемот се пожалиле и во општина Велес од каде најавија дека ќе ги проверат информациите.
-Досега нема пријава што стигнала до мене. Еве јас ги повикувам да дојдат и да разговараме а во исто време да пријават во полиција и во шумското стопанство за да се расчистат работите, рече градоначалникот Чадиев.
Во Карабуњиште има двајца постојани жители, но во лето селото е полно со луѓе кои потекнуваат од таму а живеат во Велес. Селото се наоѓа на планината Бреза и до него нема пат. Граѓаните кои живеат во Велес, за да стигнат до родните огништа, патуваат со воз до станицата Пчиња а потоа пешачат половина час до селото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија
-
Се бара оставка од Филипче – Алијансата на Албанците незадоволна од работата на министерот за здравство
-
Двајца обвинети за насилство кон Села признаа вина