Возрасен маж го загубил животот во пожарот кој утрово избувна во зграда во скопската населба Колонија.
Според првичните информации, станува збор за 66-годишниот Богоје С., кој, најверојатно, живеел сам во станот, а починал од задушување.
Од противпожарната бригада на Скопје информираат дека во моментот пожарот е изгаснат и се работи на расчистување. Командантот на противпожарната бригада, Благоја Менковски, за „Република“ соопшти дека била опожарена покривната конструкција на зградата, а пожарот зафатил и дел од становите на најгорниот кат.
– Беше опожарена покривната конструкција на зградата и дел од становите под покривот. Пожарот е изгаснат и пожарникарите работата на расчистување – инфомира Менковски.
Пожарот избувнал утрово околу 8 часот, а причините ќе бидат познати по завршување на истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.