| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва силна експлозија во центарот на Софија

sofija eksplozija

Околу 19.2о часот вечерва силна експлозија одекна во центарот на Софија, на булеварот „Цар Ослободител“ наспроти Руската црква. Десетина лица се пренесени во болница, но  сè уште не се знае за нивната здравствена состојба, а нема ниту податоци за евентуални жртви.

Според бuгарскиот весник Дневник, експлозијата избила во зградата на поранешниот магазин „Минерал сувенир“, каде што сега има кинески ресторан.

Првичните информации од полицијата се дека експлодирале цилиндри со гас од ресторанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top