| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ да ги надминат внатрешните несогласувања

nikola-gruevski-foto-645x360

Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека СДСМ треба да ги надминат внатрешните несогласувања за да се изнајде решение за работата на Комисијата за настаните од 24 декември 2012 година, чија блокада може негативно да се одрази на претстојниот извештај на Европската комисија.
– Засега сме фокусирани и ќе останеме фокусирани на дијалогот, на изнаоѓање решение. Ја користам и оваа прилика да упатам апел до СДСМ да најдат начин да дојдеме до решение, да излезат од внатрешните проблеми во партијата барем по ова прашање. Не претендирам за нивните други внатрешни прашања, но барем за ова прашање да најдат начин да помогнат на државата, не на ВМРО-ДПМНЕ или на Владата. Станува збор за проблем кој што и го создаваат на државата со нивните препреки вантре во партијата – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top