За ѕверската тепачка приведени се двајца. 32 годишниот скопјанец е на Ургентен.
Утринава 1.30 часот во ПС-Кисела Вода е пријавено дека околу 1 часот во кафеаната „Теферич“ лоцирана на улица Сава Ковачевиќ, Г.В.(32) од Скопје бил физички нападнат од страна на неколку непознати лица, а потоа бил извлечен надвор каде истите продолжиле да го удираат и да го влечат.
Г.В. успеал да побегне и да се сокрие.
На оштетениот во Ургентен центар Скопје му е констатирана тешка телесна повреда, скршен колк и повеќе исеченици по телото.
Во ПС Кисела Вода приведени се две лица учесници во настанот за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.